Палмер: Сакаме пристапниот процес да продолжи без да ги вклучува билатералните прашања, САД ќе направат сѐ за да го подготват теренот

Северна Македонија направи доволно реформи и заслужува првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на германското претседателство со ЕУ, а пристапниот процес не треба да зависи од билатерални прашања, изјави за „Гласот на Америка“, заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија – Метју Палмер.

Тој порача дека пристапниот процес треба да се одвива единствено врз основа на принципите (опишани на околу 80 илјади страници) и да зависи од адресирањето на неопходните реформи, како единствена „цена“ за пристапување во ЕУ, додека билатералните проблеми треба да се решаваат по билатерален пат.

Иако Палмер избегна да одговори отворено дали САД го осудуваат однесувањето на Бугарија и дали бугарските барања се одраз на европските вредности, тој потенцираше дека САД ќе продолжат со недвосмислена поддршка во процесот (вклучително и за Албанија), без оглед на резултатот од состанокот следната недела, притоа потенцирајќи дека САД „ќе направат сѐ за да го подготват теренот за одржување на Меѓувладината конференција“.

Прочитајте и:  Телеграф: Стармер и Макрон ќе се обидат да го убедат Бајден да дозволи напади врз Русија

„Разбираме дека има одредени важни прашања кои се однесуваат на историјата, идентитетот и јазикот, кои треба да бидат решени меѓу Бугарија и Северна Македонија како соседи, сојузници и партнери. Во однос на процесот за пристапување во ЕУ, сакаме да видиме тој да продолжи напред, без да ги вклучува билатералните прашања. Би сакале да видиме билатералните прашања да се решаваат преку билатерални канали“, рече заменик-помошникот државен секретар на САД.

- Реклама -