Палестинско Министерство за здравство: Болницата во Газа не е во функција поради израелските воздушни напади

Услугите во единствената функционална болница во Беит Ханун во Газа се прекинати поради континуираните израелски воздушни напади, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство во Газа.

Големата штета предизвикана од континуираните израелски воздушни напади ја блокираше можноста на медицинските тимови да влезат или да излезат од зградата, соопшти Министерството за здравство.

Министерството тврди дека девет амбулантни возила биле мета од саботата.

МИА

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -