Палентата како едно од најздравите јадења, ризница на протеини, спас за алергични на глутен

Палентата е здрава алтернатива и со векови се користи и подготвува како посебен оброк. Со малку јогурт, сирење или кајмак, брзо можеме да имаме здрав појадок, кој во последно време станува се попопуларен.

Палентата е форма на ситно мелено пченкарно брашно. Познати се многу здравствени придобивки од оваа храна. Еден од најважните е дека луѓето кои се нетолерантни на глутен или оние кои се склони кон други видови на иритации и алергии можат да користат палента како добра замена за јадења што содржат пченица или повеќето други житарки.

Потврда дека тоа е здрав избор се бројните нутритивни придобивки. Тоа не се само влакна и протеини, туку и сложени јаглехидрати, многу малку масти и голем број други хранливи материи важни за здравјето.

Одредени сорти на палента се збогатени со минерали и витамини за да се зголеми хранливата вредност. Правењето палента со млеко наместо вода може да додаде вредни хранливи материи, под услов да не сте нетолерантни на лактоза.

Палентата е ризница на влакна и протеини

Палентата исто така содржи протеини и влакна кои помагаат да се чувствуваме сити. Влакната се неопходни за правилно функционирање на дигестивниот систем, раст и стабилност на здрави цревни бактерии и за спречување на запек.

Спас за луѓе кои се алергични на глутен

За луѓето кои се принудени да јадат без глутенска храна, палентата е добра опција. Многу добри извори на влакна, како пченица, ‘рж или кускус, содржат глутен. Луѓето со чувствителност на глутен обично можат да јадат палента, но треба да ја проверат етикетата за додатоци и можни адитиви.

Богатство од сложени јаглехидрати

Палентата содржи сложени јаглехидрати, кои обезбедуваат долготрајна енергија, aи помагаат во одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта.

Едноставните јаглехидрати брзо се разградуваат и може да предизвикаат зголемување на нивото на шеќер во крвта. Тие често не содржат многу хранливи материи. Колачите и белиот леб се добри примери за едноставни јаглехидрати.

Сложените јаглехидрати присутни во палентата полека се разградуваат, што значи дека им треба подолго време за да се сварат, а бавното ослободување или разградување е многу важно за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта.

Добар извор на каротеноиди

Палентата е форма на мелена пченка, која е добар извор на каротеноиди. Се верува дека каротеноидите го намалуваат ризикот од одредени болести, како што се одредени видови проблеми со очите и некои видови на рак.

Малку маснотии

Палентата е природна со малку маснотии и може да се јаде како дел од исхраната здрава за срцето. Оној што сака уште позначајно да го намали внесот на заситени масти, треба да готви палента со вода или малку растително млеко наместо кравјо млеко и на тој начин да избегнува додавање сирење, павлака или путер.
Голема количина на есенцијални минерали

Железото, магнезиумот и цинкот се есенцијални минерали кои заедно со другите корисни хранливи материи ги содржи палентата.

Извор

- Реклама -