Палента – најздравиот појадок за повеќе енергија и лесна дигестија

Палентата, направена од пченкарно брашно или гриз, е еден од најздравите избори за појадок.

Таа не содржи глутен, што ја прави идеална за лица со нетолеранција на глутен, а поради нејзината хранливост и ниска калориска вредност, се препорачува за сите возрасти.

Оваа традиционална храна е лесна за варење, го стимулира метаболизмот и помага во прочистувањето на дигестивниот тракт. Со својот богат состав на корисни минерали, како што се фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган, палентата се истакнува со своите природни маснотии (каротеноиди), кои ја подобруваат функцијата на цревата.

Зошто палентата е идеална за слабеење:

  • Ниска калориска вредност
  • Создава чувство на ситост
  • Лесна за варење
  • Брза подготовка – само 5 минути

Совет:
Вклучете палента во вашиот неделен план за исхрана како поздрава замена за пекарски производи.

Лесен рецепт за подготовка:

Во 2 дл зовриена вода, додадете ½ лажичка сол и 1 лажичка масло или маст.
Потоа, додајте 2½ лажици палента и мешајте на тивок оган 2-3 минути.
По желба, можете да додадете сирење, кајмак, ленено семе, семки или ајвар, а можете да ја сервирајте и со топло млеко.

Палентата не само што е практична, туку е и вистински сојузник за здрав почеток на денот.