За овој вкусен рецепт потребни ви се следниве состојки:
– 400 г. пченкарно брашно
– 4 јајца
– 500 мл минерална вода
– 200 мл јогурт
– Сол и бибер
– Морско оревче
– 2 чешниња лук
– 2 лажици путер
– 150 гр спанаќ
– 500 гр домати
– 300 гр рендан кашкавал
– Билки и домати за декорација
Подготовка:
1. Во сад измешајте лесно тесто од брашно, јајца, кисела вода и јогурт. Додадете сол, бибер и морско оревче. Исчистете го лукот и ситно исецкајте го. Во тавче загрејте масло и на него продинстајте го лукот.
2. Во друга тава загрејте го путерот и пржете ги палачинките. Пржените палачинки наредете ги на чинија.
Во меѓувреме, исчистете го спанаќот, измијте го и оставете добро да се исцеди. Ситно исецкајте го, додадете лук и сето тоа кратко продинстајте го. Додадете сол, бибер и морско оревче. Тргнете го од рингла, оставете да се олади и со тоа наполнете ги палачинките.
3. Рерната загрејте ја на 220 степени. Измијте ги доматите и исечете ги на кругчиња.Доматот и ренданиот кашкавал, наредете ги врз палачинките. Истркалајте ги и наредете ги во подмачкана тепсија. Печете во рерна 15 минути.
4. Печените палачинки извадете ги од тепсијата, посолете ги со зачин и украсете ги со парчиња свеж домат.