Нејзиниот пад минатата година додека се качуваше на сцената за прифаќање на Оскарот за најдобра актерка, беше еден од најзборуваните моменти на церемонијата.
А можеби Џенифер Лоренс, која оваа годниа беше номинирана во категоријата за најдобра споредна женска улога за „Американски одметници“, го гледа несмасното паѓање како нешто што и носи среќа.
23-годишната актерка се сопна од црвените конуси (пречки) додека излегуваше од лимузината, но и беше дадена помош од нејзиниот дечко Николас Хоулт пред Долби театарот во Лос Анџелес, минатата вечер.
Победничката на Оскар стана препознатлива по несмасноста и хуморот, кои станаа нејзин заштитен знак, а таа позираше смеејќи се хистерично и продолжи понатаму со насмевка.
Минатогоднишното паѓање на пат кон подигнување на Оскарот за најдобра актерка.
Џенифер Лоренс, исто така, и падна бразлетна додека имаше интервју на црвениот тепих на Златните Глобуси во јануари.
Џенифер се сопнала и додека била на промоција за филмот ’Silver Linings Playbook’ минатиот февруари.
Но, водителката на овогодинешните Оскари не ја пропушти можноста да се насмее на падот на Џенифер, па ова беше една од првите шеги со кои го отвори шоуто. Џенифер изгледаше малку засрамена но добро знае да прифати шега на своја сметка.
Ова е стајлингот за забавата по доделувањето на Оскарите.