Пајаците сакаат во град

Австралиски научници докажаа дека пајаците го преферираат сјајот на градскиот живот, со тоа што  стануваат поголеми и се размножуваат побрзо во таква средина.

Средината на растенијата и животните се менува со развојот на урбанизацијата, а тоа влијае дури и на безрбетници како пајаците.

Ефектот на градовите на птици и цицачи е испитуван многу, но не и кај инсектите. Затоа научниците од универзитетот во Сиднеј одлучија да истражуваат како се одразува на пајаците проширувањето на градовите. Тие користеа златни ткајачки (Nephila plumipes) кои што живеат како во диви, така и во изградени области во Австралија.

Научниците открија дека пајаците живеат подобро во густо населени области каде што има патишта и куќи, со тоа што таму стануваат поголеми  во споредба со нивните пријатели од  природната средина.

„Цврстите површини и недостатокот на вегетација доведуваат до ефектот на градскиот топол остров. Таму се задржува повеќе топлина отколку во областите со вегетација – објасни шефот на екипата Елизабет Лоу.

– Повисоката температура се поврзува со поголем раст и големина кај безрбетниците. Градското осветлување може исто така да придонесува, бидејќи ги привлекува инсектите и така пајаците имаат повеќе храна.

- Реклама -