Пајаци завладеаа со населено место

Еден австралиски град навистина доживеа „дожд од пајаци“.

Градот Гоулберн се наоѓа во Нов Јужен Велс, приближно на 195 километри југозападно од Сиднеј.

4(1089)

Минатата недела таму милиони минијатурни пајаци паднаа од небото и ја покрија земјата со нивните пајажини. За разлика од исклучително ретките дождови од жаби и риби, кои се случиле во некои делови на планетата, дождот од пајаци е одлично објаснет феномен наречен „балон“.

5(958)

Тој се користи од пајаци и други без’рбетници да мигрираат од едно место на друго.

За време на овој настан пајаците испуштаат нешто како падобрани, со кои се движат благодарение на ветрот, на стотици километри. Поголем дел од нив умираат за време на патувањето, изедени од предатори или убиени од тешки временски услови. Но најмалиот дел, која преживува, создава нова колонија.

2(1224)

Зачудувачкиот спектакл обично се случува во мај или во август во Австралија, веднаш по обилните врнежи.

Ваквите настани не се единствени за Австралија. Тие се случуваат и во САД и Велика Британија.

- Реклама -