Паѓањето на Џенифер Лоренс инспирираше реклама

Џенифер Лоренс изгледа неодоливо во новата „Мис Диор“ кампања. Но новата, спонтана и неочекувана реклама може да стане и уште посензационална од онаа првичната.

Некој корисник на „Tumblr“, насетил дека од срамното паѓање на Лоренс за „Оскарите“, кога требаше да ја подигне наградата за најдобра актерка, може да произлезе добар рекламен постер.

Впрочем, на сликата може да го видиме моментот во кој засрамената Џенифер по паѓањето го прекрива лицето со раката, на скалите кои водат до сцената. Но и покрај нејзината разочараност, нејзината појава, женственост, префинетост и елеганција, како и раскошноста на самиот фустан, ниту за момент не изчезнуваат.

 

- Реклама -