Корупциската афера во која се споменува и името на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја нарушува довербата во политиката и во државата, пишува австрискиот весник „Стандард“.
Тие беа симбол на надежта, иднината, правдата, а од пред некој ден станаа најголемото разочарување. Ова е заклучокот на австрискиот весник Стандард кој денеска објавува анализа за случајот „Рекет“ и неговите последици врз специјалната обвинителка Катица Јанева и целото СЈО
„Катица Јанева, шефицата на Специјалното јавно обвинителство, кое беше формирано во 2015 година, за да расчисти со стариот корумпиран систем во Северна Македонија, од пред некој ден е најголемото разочарување во малата земја во Југоисточна Европа. Сомнежот е дека таа интервенирала во еден случај за многу пари. Во меѓувреме, таа поднесе оставка,“ пишува Стандард.
„Медиумите се сомневаат дека Јанева интервенирала во полза на Камчев и самата извлекла корист. Нејзиното однесување во секој случај е сомнително. Прво тврдеше дека имала само еден телефон, но подоцна беше пронајден вториот мобилен телефон кај пријателка на нејзиниот син. Притоа, нејзиниот син работи во телевизијата која му припаѓа на првоосомничениот Бојан Јовановски. Постојат и фотографии на Јанева кои го потврдуваат пријателството со Боки 13.
Целата статија на ДВ