Падна одлука: Ќе се отстранува железната ограда околу Владата

Ќе се отстранува железната ограда околу зградата на Владата, одлучено е на денешната 118-та владина седница.

Целта е целосно да се ослободи јавниот простор околу објектот за да стане подостапен за користење од страна на граѓаните, соопштија од Владата.

Отстранувањето на оградата беше едно од предизборните ветувања на актуелната власт.

- Реклама -