Озил спаси 219 детски животи

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, финансирал 219 операции за деца, со кои им биле спасени животите на деца од целиот свет.

31-годишниот фудбалер нема намера да застане тука и ќе ја продолжи својата добротворна работа во текот на следната година.

„Веќе се завршени 219 операции, но треба да дојдат уште многу. Како што објавивме со мојата сопруга за време на нашата венчавка во јуни 2019 година, ќе ги покриеме трошоците за уште 1.000 операции за спасување на животот на деца ширум светот. Благодарам на секој гостин на нашата свадба, фан или следбеник што донираше за овој проект и посебна благодарност до исклучителните медицински тимови. Ова е само почеток! Ние гледаме кон 2020 година и ќе им помогнеме на стотици други деца кои имаат потреба од тоа“, напиша Озил на социјалните медиуми.

- Реклама -