Озил го пецна Дешан по поразот на Франција во финалето на СП (ФОТО)

Германската легенда Месут Озил, кој беше светски првак со „панцерите“ во 2014 година, кога со 1-0 по продолженија ја победија Аргентина за четврта светска круна на Германија, го пецна Дидие Дешан за поразот на Франција во вечерашното финале во Доха.

Озил објави на социјалните мрежи, „Ноу Бензи, ноу парти“, алудирајќи на отсуството на најдобриот центарфор моментно Карим Бензема, „златната топка“ за 2022 година, кој поради повреда пред Мундијалот се повлече од националниот тим, а не сакаше да се врати откако се рехабилитираше.

Допрва ќе излегува вистината зашто Бензема не сакаше да дојде во Катар ни како гледач, дури и по молбите на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

- Реклама -