Бенџамин Кертис, професор по етика и филозофија на Универзитеотт Нотингам Трент во Велика Бротанија, не е фан на експериментирањето со оживување на мртви мозоци. Според него, таквите подвизи можат да резултираат со судбина многу полоша од смртта.
Коментарите на Кертис се одговор на еден неодамнешен експеримент во кој мозоците на свињи се одржувани во живот и до 36 часа по одвојување на главата на животното од телото.
Колку и нехумано, или подобро речено – неетички, да ви звучи тоа, кај луѓето тоа би било уште пострашно. Имено, оживувањето на мртви човечки мозоци, кога тоа би било научно изводливо, би можело да резултира со заробување на луѓето во вечен пекол – судбина пред која секој би ја избрал смртта.
„Дури и научниците повторно да го оживеат вашиот мозок, до самиот крај вие животот ќе морате да го поминете во кутија, лишени од сетила, заробени во својот сопствен ум“, прецизира етичарот.
„Во најдобар случај, можете сами себе да си правите друштво до крајот на животот. Од друга страна, многумина сметаат дека и со целосно функционално тело, бесмртноста може да биде проклето макотрпна, па и ужасна. А со апсолутно отсуство на контакт со надворешниот свет, тоа би било чист пекол. Таков живот е полош од смртта“, вели Кертис.