Во продавниците на Оxette во Македонија пристигна колекцијата есен – зима 2014/2015 која што го носи името „Muse”.
Во новата колекција преовладуваат кралско сина, темно розева и црна боја, но доминираат и стандардно златната и бакарната боја. Секое парче со себе носи поинаква приказна, несекојдневни форми кои совршено го дополнуваат и дневниот и вечерниот изглед.
За изработка на накитот во секоја колекција на Oxette се користат висококвалитетни материјали како што се сребро 925, злато, скапоцени и природни камења заедно со современи материјали.
Накитот има прецизни линии, суптилен сјај и забележлив дизајн, што значи дека добро се вклопува во минималистички стил на облекување.
Новата колекција може да ја погледнете во продавниците на Oxette во ГТЦ, Рамстор и City Mall.