Одвикнете се од пушењето со овошје и зеленчук

Повторно овошјето и зеленчукот и повторно пушењето, така би изреагирале повеќето од вас кои го читаат ова. Меѓутоа мораме да нагласиме дека овошјето и зеленчукот се убедливо најкорисната храна која нема никакво негативно влијание, а е особен благодет за целото тело.

Од друга страна пак пушењето кое нема никакви позитивни карактеристики е особено штетно за целото тело.

Овојпат научниците направија истражување за да видат дали овошјето и зеленчукот можат да помогнат при одвикнување од пушењето и за наша среќа добија позитивни резултати.

Научниците опфатиле повеќе од 1.000 испитаници кои биле постари од 25 години. Дел од нив често користеле овошје, додека другиот дел тоа го правеле многу ретко. Според истражувањето луѓето што редовно користеле овошје и зеленчук многу полесно се одвикнале од пушењето, за разлика од оние кои ретко го правеле тоа.

Причината за ова тие ја наведуваат во тоа што редовната конзумација на овошје и зеленчук му обезбедува на организамот особено важни хранливи елементи кои го прават појак и поотпорен на зависност. Освен тоа, докажано е дека луѓето кои конзумираат овошје и зеленчук пушат процентуално многу помалку во текот на денот, од оние кои ретко го прават тоа, што е уште една причина плус зошто овие луѓе полесно можат да ги остават цигарите.

Истражувањето било објавено во списанието Nicotine and Tobacco Research, а научниците во него уште еднаш го потенцираат штетното влијание на цигарите и позитивното влијание на овошјето и зеленчукот и потенцираат дека освен што се здрави за телото се и доста ефективен метод за одвикнување од оваа штетна навика.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -