Овој уметник 10 години создаваше сокриен свет во пештера во Ново Мексико

Секој ден од последната декада, уметникот Ра Паулете се искачуваше по песочните ридови на Ново Мексико сосема сам, натоварен со количка и голем ранец полн со алати.desktop-1416952416

Неговата цел беа песочните пештери кои се протегаат во северниот дел на оваа земја, а на кои во целост им го промени изгледот. Наместо мрачни и морбидни простории, Паулете создаде ведри пештери во кои благодарение на неговиот дизајн и долгогодишно резбање, сончевата светлина продира во внатрешност.

desktop-1416952415

Без ничија помош или пак некоја посебна модерна технологија, Ра Паулете креираше неверојатен ентериер кој наликува на некој друг свет. Тој има издлабено повеќе простории, секоја единствена и уникатна, и осветлена преку рачно ископани тунели.

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

desktop-1416952415 (1)Светлината дополнително ги истакнува спектакуларните резби кои можат да се пронајдат само во раскошните катедрали. Иако станува збор за уметничко дело, сепак, уметникот вели дека може да ги замисли овие простории како место во кое се собираат луѓето за состаноци или пак за медитација.

desktop-1416952412Пештерите се уште се во прогрес и не се отворени за јавноста, но, оние најљубопитните можат да направат виртуелна прошетка низ официјалната веб-страница на Паулете.

desktop-1416952406 (1) desktop-1416952406 desktop-1416952407 (1) desktop-1416952407 desktop-1416952409 (1) desktop-1416952409 desktop-1416952410 desktop-1416952411  desktop-1416952413 desktop-1416952414

- Реклама -