Oвој стегнат стомак е на…?

Навикнати сме да ја  гледаме сексапилната Џенифер Лопез со дизајнирани  фустани залепени по телото и  пуштена разлеана  коса, но визијата која ѕвездата ја демонстрираше пред  само неколку часа беше далеку од нејзините гламурозни  настапи по црвените килими. Мајката на близначиња нема што да крие бидејќи  има тело како на божица, па  за своите 44 години изгледа повеќе од одлично!

Мегаѕвездата ја  објави оваа слика на социјалната мрежа направена од нејзиниот стилист Rob Zangardi со наслов „Guess who?!” Џенифер е облечена целосно во тексас – фармерки и кратка  кошула која открива  исклучително  добро обликуван стомак. Пејачката секогаш  споделува со фановите  дека омилен дел од нејзиното тело е стомакот, кој според неа „секогаш  бил рамен”. Сепак, Џенифер призна дека има потреба од многу вежби и здрав начин на живот, за да се задржи  телото во совршена форма.

Пејачката е со исправена коса на сликата и минимална  шминка, кои според нас ја прават да изгледа како да има  33 години, а не на 44! Неодамна се појавија фотографии на кои се гледаше како нејзиното тело се менува, особено стомакот на кои се наѕираше целулит, но, пејачката очигледно многу брзо успеала да ја врати формата.

article-0-184AD2C200000578-280_634x839

- Реклама -