Оваа година, петок 13-ти, доаѓа во комбинација со полна Месечина па навистина може да биде баксузен, велат астролозите.Тие предупредуваат дека, поради оваа „баксуз“ комбинација, овој петок не треба да избегнуваме премногу контакт.
Овој петок, Месечината ќе биде во Стрелец, што значи дека сите ќе бидеме премногу оптимистични и пречувствителни. Ќе копнееме да добиеме три милиони на лото, но секако, нема ниту да отидеме да уплатиме ливче, а потоа во весниците ќе прочитаме дека некој извлекол седмица. Голем малер ќе ги зафати сите.
Без разлика дали верувате во астрологија или не, бројни научници и доктори тврдат дека полната Месечина секако влијае на душевната состојба, само што за тоа не сме ни свесни ако претходно не прочитаме дека таа ноќ Месечината била полна.
Се верува дека Месечината во време кога е полна, предизвикува голема агресивност во човекот, па дури и во душевните болници имаат посебна подготовка за полната Месечина.
Секако, тоа не значи дека треба да се затворите дома и дека треба да сте суеверни.