Островот Гајола (Isola Della Gaiola на италијански) се наоѓа во Заливот на Неапол во Италија, на околу 30 метри од брегот. Лоциран е во право во срцето на Gaiola Underwater Park – заштитена област од околу 42 хектари.
Островот се состои од две мали парчиња земја, меѓусебно поврзани со мал мост од неколку метри. Тој е толку тесен што изгледа како природен свод, направен од природата, за да ги држи двете островчиња заедно.
Иако вилата, која е изградена врз едно од нив, изгледа многу атрактивно место за живот, според локалните жители местото е проколнато. Практиката покажува дека или сопствениците тука умираат , или во нивните животи се случуваат ужасни несреќи.
Сето тоа почнува околу 1920 година, кога тогашниот сопственик Ханс Браун е пронајден убиен и завиткан во тепих. Малку подоцна неговата сопруга умира во морето. Следниот сопственик на вилата е Ото Грундбах кој умира од срцев удар на островот. Слична судбина доживува и фармацевтски бос Морис Сандоз, кој се самоубива во психијатриска клиника во Швајцарија. Германскиот индустријалец Барон Лангхејм пак се разболел веднаш откако ја купува Gaiola.
Подоцна куќата преминува во рацете на Џани Анел, шеф на Fiat. Италијанецот го продава островот, откако неговиот единствен син се самоубива, а внук му умира од рак на 33 години.После сево ова куќата станува сопственост на милијардерот Пол Гети, чиј внук е киднапиран малку потоа. Последниот сопственик пак оди во затвор по банкротот на осигурителната компанија.
Денес вилата е ненаселена и напуштена.