Постои нешто спектакуларно кај возилата што не треба да се брзи, но сепак се. Многу брзи, дури премногу.
Запознајте се со Shockwave. Огромен камион со млазен погон кој „блуе“ оган и ја држи титулата за најбрз во светот.
Камионот има три Pratt & Whitney J34-48 млазни мотори, кои најчесто се користат во авионите T2 Buckeye, а кои заеднички создаваат вкупно 36.000 коњски сили.
Се прашувате колкави брзини развива овој камион? Според Гинисовата книга на рекорди, неговата максимална брзина изнесува 605 km/h. Уште поневеројатно е што трките на 405 метри ги минува само за 6,5 секунди. Мора да се признае, не е лошо за камион од 3,5 тони.
Овој гигант кочи со помош на огромни дискови поставени на сите тркала, како и со два воени падобрани.
Потрошувачката на гориво е права ситница. „Само“ 680 литри дизел за една демонстрација која трае неколку минути.
Сегашниот сопственик и возач Нил Дарнел, го купил и модифицирал Shockwave во 2012-та година.