Овој човек бил во секоја земја од светот

Колку време би ви било потребно за да ги посетите сите земји во светот?

Алберт Подел го направил тоа за 50 години. Тој стапнал во секоја земја низ светот и раскажува за авантурите во книгата „Околу светот за 50 години“.

Подел го започнува патувањето во 1965 година, а дури во 2014 година застанува и во последната држава од својата листа, кога наполнил 77 години.

„Само тројца-четворица го направиле ова пред мене,” вели тој.

Првично Алберт планирал да помине низ секој дел од земјите, возејќи. Се испоставило дека тоа е многу тешко, со оглед на тоа што некои земји се блокирани од војни. Во држави како Колумбија, Гватемала, Никарагва и Ел Салвадор има опасни бунтовници. Во Африка пак, има граѓански војни во 20 држави. Постојано ја одложувал посетата на „жестоката седмица“  – така тој ги нарекува Саудиска Арабија, Јемен, Јужен Судан, Сомалија, Уганда, Руанда и Бурунди.  На крајот, излегло невозможно да помине низ Антарктикот со автомобил. Гумите замрзнувале, а моторот се расипувал.

car(16)

За време на патувањето тој јадел стаорци на скара во Гана и мозок на жив мајмун во Хонгконг. Последното било многу непријатно, но немало начин да го одбие домаќинот. Во Пакистан за малку ќе бил убиен, кога мислеле дека е шпион. Во Боцвана неговиот автомобил бил нападнат од страна на див бик. Во Багдад бил уапсен, а  во Куба испрашуван од полицијата. Тој го посетил и Могадишу (Сомалија) – најопасниот град во светот. Ако една држава се распадне (како СССР), тој се враќал и ја посетувал секоја од одделните републики. За да може да се брои неговата посета за „реална“, тој имал неколку принципи – секогаш влегувал легално и со виза, се трудел да го посети главниот град, задолжително поминувал најмалку 24 часа во државата (во поголемите поминувал по месец). Се трудел да патува внатре во самата држава, бидејќи не сакал неговата посета да биде “формална”. Тој раскажува дека претпочитал да оди пеш по улиците и да ја „почувствува“ земјата.

„Ако некој ви каже дека бил во секоја земја во светот, прашајте го каде бил сместен во Могадишу”, вели тој.

car2(19)

Која е цената?

Сите 102 меѓународни полиња го чинеле 300 000 долари, што според него е многу, но признава дека не направил добро планирање. Ако го испланирал сето тоа повнимателно, можело да го чини помалку од 200 000 долари. Често морал да се враќа во САД и да работи (Алберт е адвокат по професија). Денес, сепак некои држави не можат да се посетат толку лесно како порано. Тука ги цитира Јемен, Сирија, Либија, Ирак и некои делови на Африка.

Што научил?

Алберт вели дека најважната лекција, која што ја научил, е да не им суди толку лесно на различните народи за некои нивни практики и однесувања.

„Би требало да сме поотворени кон работите кои за нас се” чудни “и да се обидеме да ги разбереме.”

Алберт вели дека по сите патувања го цени животот во Америка и се смета за среќен што се родил таму.

Во моментов живее во Њујорк и пишува втора книга. Во неа ќе раскажува за своите сексуални искуства од 1950-тите години до денес.

„Оваа книга е доста забавна, а приказните не се толку страшни како некои од „Околу светот за 50 години“.

car3(19)

- Реклама -