Птиците се популарен мотив во женската мода.
Модната дизајнерка Роза Кхамитова од Казахстан која моментално живее во Мелбурн, создаде серија на марами кои дефинитивно го употребува мотивот на птица на еден креативен начин. Секоја марама, кога е носена како шал, создава илузија дека личноста која ја носи има огромни прекрасни крилја на птица. Дизајните на овие дигитално печатени марами се рачно насликани од Роза, која држи интернет продавница наречена „Shovava“ истакнувајќи ја нејзината работа. Повеќето од нејзините дизајни доаѓаат во различни бои. Таа тврди дека природните материјали што таа ги користи (најмногу памук) се материјали кои не предизвикуваат иритација, не се токсични и се рециклираат.