Овие три сестри го освоија интернетот

Три сестри од Монтереј од Мексико, познати и под името „Worning“, направија вистински БУМ н интернет. Зошто? Поради нивната импресивна изведба на песната „Enter Sandman“ од Металика.

Иако беше поставен на YouTube каналот во јули 2014 година, тој дури сега стана вирален хит, благодарение на кампањата која ја започнаа сестрите на социјалните мрежи.

Најстарата сестра Даниела (гитара), која има 14 години, заедно со нејзините помлади сестри, 12-годишната Паулина (тапани) и 9-годишната Александра (бас), на овој начин се обидуваат да соберат пари за музички фестивал кој се одржува во Бостон.

Дека оваа кампања поминала и повеќе од успешно, говори фактот што тие собрале и повеќе од 9.500 долари.

- Реклама -