Овие стихови речиси сите погрешно ги пеат (ВИДЕО)

Ретки се оние кои ги знаат стиховите на секоја песна без грешка.

Обично погрешно ги разбираме, па наместо правилните зборови ние ги користиме оние кои ни се чуле.

Тука ви претставуваме најчесто користените цитати кои воопшто не биле присутни во текстот.

Рибја Чорба- GDE SI U OVOM GLUPOM HOTELU


Неретко се случува луѓето да ја пеат „Gorim ko papirni zmajevi…”, а во оригиналниот текст е „Ko dim, ko papirni zmajevi…”.

Харис Џиновиќ- DAJTE VINA, HOĆU LOM


Ова е една од омилените песни во кафаните, а кога доаѓа на ред рефренот „Dajte vina, hoću lom” некои духовити слушатели на цел глас пеат „Dajte vina oku mom”.

Ѓорѓе Балашевиќ- DEVOJKA SA ČARDAŠ NOGAMA


Романтичниот Џоле во песната пее „Baš od takvih su je čuvale tetke sa ladnim trajnama”. Сепак, често луѓето ја пеат „Baš od takvih su je čuvale tetke sa lažnim tajnama”.

Дино Мерлин- NEK’ PADAJU ĆUSKIJE / UČINI MI PRAVU STVAR


Рефренот на песната гласи „Neka padaju ćuskije, neka me sevdah opije…”. Сепак, поголемиот број луѓе оваа песна ја пеат со зборовите „Neka padaju ćuskije, neka me zemlja opije”.

Уште еден негов хит „Učini mi pravu stvar” се пее погрешно. Тестот гласи „Učini mi pravu stvar, pusti neku staru stvar”, а некои негови обожаватели знаат да ја отпеат „Učini mi pravu stvar, pusti me u stan, u stan”.

Оливер Мандиќ- ODLAZIM, A VOLIM TE


Овој хит се пее со години, а повеќето обожаватели мислат дека текстот е „Dođavola sve, dođavola sa mnom. Odlazim, a volim te”. Правилната верзија е „Dođavola sve, dođavola sav bol”.

- Реклама -