Овие работи е во ред да ги украдете?!

Кражбата е кривично дело, но се чини дека постојат одредени работи за кои што луѓето веруваат дека е во ред да се украдат, како шампон од хотелска соба или Интернетот на комшијата.

Моливи од продавниците на ИКЕА како и овошје од супермаркетите, исто така, се наоѓаат на врвот на листата работи за кои луѓето мислат дека е во ред да се украдат без совест.

Над илјада возрасни одговориле на прашањето што е нормално да се украде. Без некои изненадувања, предмети и разни ситници од хотелските соби се нашле на врвот на листата. Дури 93% одговориле дека е во ред да се опустоши хотелската соба.

Stealing-Hotel-Toiletries-1

На второ место е Интернетот – 88% од испитаниците со задоволство би користеле туѓ Интернет ако не е заштитен со лозинка.

Повеќе од 55% сметаат дека е во ред со себе да ги понесат солот и биберот по вечера во ресторан, додека 37% како сосема прифатливо го окарактеризирале земањето кригла од пивница.

salt-and-pepper

Работното место, исто така, не е поштедено, па така 27% признале дека краделе пенкала, хартија и пликоа.

Еве ја комплетната листа:
1. Шампон и други ситници од хотелска соба – 93%
2. Незаштитен Интернет – 88%
3. Зачини од ресторан – 55%
4. Кригли од пивница – 37%
5. Канцелариски прибор – 27%
6. Овошје од супермаркет – 11%
7. Моливи од ИКЕА – 8%

- Реклама -