Овие ја работи ја поттикнуваат самодовербата кај мажите и жените

Новата фризура, одењето на високи потпетици и брилијантниот тен се меѓу работите кои што ги тераат жените да се чувствуваат посакувано и секси.

Светло црвениот кармин, совршено мазните нозе и малиот црн фустан исто докажуваат позитивен ефект врз психата на дамите, воспоставува нова студија што истражува што е она што ги тера мажите и жените да се чувствуваат сигурни во себе.

Додека машката самодоверба се крие во пофалбите на работното место, мазната кожа на лицето и новиот костум, и двата пола се согласуваат дека еден убав сончев ден, резервацијата за краток одмор и стекнувањето на нови вештини градат поголемо чувство на самодоверба кај луѓето.

Според резултатите од истражувањето мажите се посамоуверени, кога ќе  направат договор за романтична средба со непозната жена, а жените кога ќе добијат покана за таква вечер.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

30% од мажите се радуваат кога некој странец  ќе им се обрати  со почит, на пример со „господине”, а дамите се радуваат кога  случаен човек на улица ќе им даде комплимент за тежината.

Според истражувањето една од секои пет дами и 15% од господата се на мислење дека самодовербата доаѓа одвнатре, а не се должи задолжително на финансиски можности и професионални позиции на високо ниво.

- Реклама -