Повеќето луѓе не сакаат да чистат, сметајќи го овој дел од секојдневието за активност која одзема доста време и енергија.
Веќе си помисливте дека станува збор за мрзливци, нели? Всушност, токму мрзливците се оние кои инпирираат генијални гаџети, со кои што се штедат напори и време.
Видете неколку од нив, кои ќе ја завршат валканата работа наместо вас:
Овој уред ви овозможува да го измиете приборот, без воопшто да го триете
Со помош на оваа торба прицврстена за задниот дел на вратата на машината, можете да ги освежите вашите патики и обувки, без да ги перете на рака
Дали некогаш сте переле душек? Не? Со оваа UV правосмукалка повеќе нема ни смисла да го правите тоа. Светлината од неа ги убива сите микроорганизми
Го нарекоа Paint Buddy. Тој ги отстранува тврдокорните дамки на ѕидовите
Оваа четка за тоалетот, по употребата се чисти самата
Не, тоа не е гигантско топче за голф. Овој вакуум се тркала низ вашиот дом и ја собира прашината
Ја апсорбира сета кал од обувките