Овчарските кучиња знаат математика?

Научниците открија како овчарските кучиња успеваат да контролираат толку големи стада овци. По се изгледа, тие знаат математика.

Се работи за две основни математички правила до кои овчарските кучиња стриктно се придржуваат. Првото правило е песот чувар да ја затвори секоја празнина помеѓу раштрканите овци. Другото правило е дека овците се движат напред секогаш кога празнината во стадото е пополнета. Приджувајќи се на овие два принципа, песот-чувар може да контролира и до 100 овци.

Во сета работа постои и една прилично голема иронија. Познавачите предупредуваат дека во скоро време може да се очекува овчарските кучиња да бидат заменети со роботи. Сега кога научниците знаат како тие го прават она што го прават, веројатно е дека овие песови ќе останат без „работа“.

see-the-sheepdog[1]

- Реклама -