Емили Ратајковски ќе биде главна ѕвезда во претстојното издание на списанието “Sports Illustrated”, кое воедно ќе биде и нивно 50-то јубилејно издание.
Заводливата бринета која се здоби со светска слава со појавува во провокативно видео за песната “Blurred Lines” на Роберт Тики, се фотографираше за јубилејното издание на списанието “Sports Illustrated”.
Таа на својот Инстаграм профил објавила неколку фотографии, за време на подготовката на фотографирањето.
На нив може да ја видите Емили како во окудни бикини позира во базен, додека пред неа се протега преубав поглед.
Емили Ратајковски толку ја маѓепсала публиката со своето појавување во контроверзниот спот, што дури добила и улога во филмот “Gone girl”, во кој ќе глуми девојка на Бен Афлек.