Оваа година, Монопол кутиите ќе содржат вистински пари!

По повод јубилејниот 80-ти роденден, Hasbro реши да ги изненади фановите на Монопол. Француското претставништво на компанијата што стои зад екстра-популарната друштвена игра одлучи да продаде извесен број на кутии во кои „монопол парите“ ќе бидат заменети со вистински.

Како што пренесуваат француските медиуми, од вкупно 30.000 кутии „Монопол“ со специјална налепница „80 години“ кои ќе се најдат во продажба, 80 ќе имаат специјален подарок за купувачите: во 69 ќе бидат вметнати банкноти во износ од 150 евра, во 10 ќе бидат вметнати банкноти во износ од 300 евра, а во онаа специјалната ќе се крие вистинскиот џек-пот од 20.580 евра.

monopoly_game

„Сакавме да смислиме нешто посебно за овој јубилеј, а кога ги прашавме играчите во Франција, тие ни рекоа дека би сакале кутијата да содржи вистински пари“, велат од Hasbro.

Инаку, Hasbro продава околу пола милион кутии Монопол годишно во Франција, а откако е измислена играта, продадени се повеќе од 275 милиони примероци ширум светот. Преведена е на 47 јазици и се продава во 114 земји, а се смета дека до сега ја играле милијарда луѓе.

- Реклама -