Факт: Ниту еден режисер или сценарист не може да смисли покреативно бегство од затвор од самиот затвореник.
Океј, првиот дел од планот е да се протне низ отворот низ кој веројатно му даваат јадење. А после? Со оглед на непостоечките шанси да стигне далеку, нешто нé тера да мислиме дека затвореников ова го прави на редовна база и за некоја сосема мала причина – како тоа да се прошета по ходниците, или можеби да си направи муабет со дечко му од некоја друга ќелија. Од друга страна, ризикува кастрација… Ај нека остане на тоа дека само е многу, многу луд.