Британската полиција прикажа дел од најчестите и најлесни трикови на џепарењето, а ова видео укажува на тоа дека нештата што ги ставаме на достапни места, не ни се лено достапни само нам, туку и на оние чие што око е навежбано лесно да ги воочи.
Британската сообраќајна полиција објави на Јутуб видео снимка која апелира кон жителите да ги зајакнат мерките и да не забораваат на своите вредни нешта, како што се паричникот и мобилниот телефон, кои често имаме навика да ги ставаме некаде при рака.
Кон крајот на 2013. година во оваа земја биле собрани сите пријави за ситни кражби, така наречени, џепарења, а бројката говори дека за една година биле пријавени 5.280 вакви инциденти, а прашањето е колку од нив има непријавени.
Истренираните крадци имаат свои трикови и добро развидени техники, па дури и оние највнимателните можат да не забележат што ги снашло.
Британската полиција прикажа еколку од најчестите и најлесни ситни кражби.