Ова се Топ 10 најсекси музички спотови (+18) ВИДЕО

Доколку песната ја спакувате во спот кој содржи малку „слободно“ облечени дами и доколку снимите неколку „слободни“ сцени со истите тие дами, имате хит.

И секси видео. Бидејќи нема бизнис како шоу-бизнис.

10. The White Stripes – I Just Don’t Know What To Do With Myself

Според веб-сајтот WatchMojo овој легендарен спот го завзема последното, но не и најмалку важно место. Софија Копола е во режија на ова видео во кое Кејт Мос игра на шипка. Во долна облека. На високи потпетици.

9. Robin Thicke – Blurred Lines ft. T.I., Pharrell

Точно е дека овој спот предизвика многу контроверзии, дека песната беше и обожувана и оспорувана (ама првото повеќе), а вистина е и дека е многу секси. Манекенките кои само се шеткаат и не прават ништо повеќе е доволно. Доволно дури и во „пофината“ верзија на видеото.

8. Duran Duran – Girls on Film

Овој сингл и спот е одамна објавен од Duran Duran во самиот врв на поп музиката во осумдесетите, а спотот е направен во две верзии. Едната се емитувала пред полноќ, а другата по полноќ.

7. Eric Prydz – Call on me

Инспириран од осумдесеттите години, овој хаус хит стана уште поголем хит благодарение на спотот. Десетина испотени, стегнати, убави жена и еден маж, чисто да има рамнотежа. Успехот е загарантиран.

6. Usher – Trading Places

Како што и името на песната гласи, во песната е отпеан еден од оние моменти во врската кога жената превзема конторла. Освен неколку различни комплети од долна облека, покажани се и многи интересни места за размена на нежности, кои изгледаат удобни само во спотот.

5. Britney Spears – I’m A Slave 4 U

Иако овој спот открива сè а ништо не покажува, поп- принцезата се надмина себеси. Во сауна, опкружена со разголени убави луѓе, таа танцува. И се поти. И сите се потат со неа. И на неа.

4. Benny Benassi – Satisfaction

Во овој спот сè алудира на секс. Од зборовите до „работењето со алатите“. Баш сè.

3. Christina Aguilera featuring Redman – Dirrty

Кога овој спот се појави во 2002-ра година многу здружени и револтирани родители го контрактираа MTV со цел да го поместат неговото емитување за по полноќ или барем да направат цензурирана верзија. Еве и зошто.

2. Chris Isaak – Wicked Game

Покрај тоа што е еден од најсексапилните, овој спот е секако еден од најромантичните. Иако нема премногу голотија, Хелена Кристенсен со својата специфична убавина допринела видеото да изобилува од еротика.

1. Madonna – Justify My Love

Ова видео беше забрането на MTV, но сепак бил напродаваниот на VHS-касета. Ова не е спот, ова е повеќе краток филм, во придружба на музија и секси сцени. Заслужено на прво место.

- Реклама -