Мислите дека само мажите вршат прељуба? Размислете повторно.
Како и кај нас, така и во Холивуд познатите жени имаат проблеми со верноста кон своите партнери. Ви носиме краток преглед од некои познати примери чии неверства биле разоткриени.
Мег Рајан
Оваа холивудска актерка во 2000 година, кога се уште била во брак со Денис Квејд, имала кратка афера со Расел година дена. Но, во 2008 година актерката признала дека и Денис ја изневерувал додека биле во брак.
Мадона
Мадона додека била во брак со Гај Ричи имала афера со познатиот безбол играч Алекс Родригез. Иако и двајцата негирале дека тие биле заедно, поранешната сопруга на Родригез тврдела дека пронашла негово љубовно писмо посветено на Мадона.
Тори Спелинг
Тоа што се слушило на Тори може да се смета како лоша карма. Всушност, кога го запознала Дин МекДермот, и двајцата биле во брак. Но, се заљубиле, се развеле со своите поранешни сопружници и стапиле во брак. Сега имаат четврто дете, но неодамна се прошири гласина дека Дин ја мами својата сопруга.
Коко
Коко го измамила сопругот Ајс Ти со раперот АР.9. Иако тврдела дека тој е само нејзин обожавател, покасно признала за аферата бидејќи раперот објавил неколку нивни интимни фотографии.
Кристен Стјуарт
Се чинеше дека Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон се совршен пар, а потоа таа го измами со режисерот Руперт Сандерс. Да се направи работата уште подобра, Сандерс е оженет и има две деца, Но, Роберт се простил на Кристен и од неодамна се поврторно во врска.