Многу се мали шансите да не уживате во сексот, но сепак постојат. Има една листа со забранети работи што многу лесно го уништуваат и најдобриот секс.
1. Се однесувате како да ви е досадно – едно од задоволствата на сексот во однос на мастурбирањето е дека страста и уживањето ги делите со друг.
2. Не возвраќате со иста мера – треба да имате на ум дека сексот е нешто во кое двајцата партнери еднакво учествуваат и уживаат.
3. Поставувате премногу прашања – „ова добро е?“, „го чувствуваш ова?“, „што велиш за ова?“, „го сакаш ова?“ – секако дека е добро да знаете што сака партнерот, но непрекинатото прашување не е секси.
4. Морска ѕвезда – ова е кога лежите без да мрднете со раширени раце и нозе, а вашиот партнер ја врши целата работа. Ова не е воопшто пожелно.
5. Прекинете да се јавувате на телефон – ако го правите ова, тогаш најдобро е да не се сексате.
6. Мртва тишина – постои голема разлика меѓу тишина затоа што не сакате да ги разбудите домашните или цимерите и тишината поради која партнерот сака да ви го провери пулсот. По малку морничаво, нели?
7. Го коментирате телото на партнерот – освен ако вашите коментари не се во стилот на „О, колку си секси“ се друго е забрането.
8. Преголема срамежливост – секој има одредени несигурности кога е во прашање телото, но не дозволувајте тоа да го наруши вашиот сексуален живот.
9. Зборувате за сексот со поранешниот/ната – најверојатно последната работа за која партнерот сака да слушне додека лежите голи во кревет.
10. Не расправајте за заштитата – кога се работи за ова, тука нема место за претпоставки, пред сексот договорете се за начинот на заштита ако не сакате бременост и болести.