Ова се најголемите лаги за пенисот

Во врска со пенисот владеат низа митови и лаги, особено по прашањето за големината на „опремата“. Дојде време да ги откриете најголемите лаги за машката гордост.

Мит: Должината на пенисот меѓу 20 и 21 сантиметар е вообичаена

Ако слушнете дека некој се фали со должина на пенис од 20 или повеќе сантиметри, веројатно лаже. Имено, само 5 % мажи имаат пенис поголем од 20 сантиметри, а тоа се претежно оние од филмовите за возрасни. Факт е дека повеќе од две третини од мажите во светот имаат должина на пенисот меѓу 15 и 17 сантиметри.

HugoBossUnderwear

Мит: На жените не им е важна големината, туку техниката

Секако дека е важно да знаете на кој начин да го употребите пенисот, но ретко кој може да поверува дека за тоа величината не е важна. Факт е дека што е поголем пенисот, тоа може подлабоко да пенетрира, а тоа е поврзано со поголемо задоволство за жените.

Мит: Најважна е должината на пенисот

Да, секако дека должината е важна, но еднакво важна е и ширината која одредува колку треба да се растегне вагината. Исто така, многу е полесно да се стимулира клиторисот за време на сексуалниот однос ако пенисот е поширок.

Quarter_homme_mens_underwear_Anchor_blue_011

Мит: Големиот пенис автоматски прави од вас добар љубовник

Ако имате голем пенис, а не можете за време на сексот да издржите подолго од 30 секунди, тешко дека ќе ја доведете партнерката до оргазам, без оглед на тоа колку ви е голем пенисот.

Мит: Таблетите за зголемување на пенисот функционираат

Лага. Не постои таблета или супстанца за зголемување на пенисот

Мит: Секојдневната ејакулација лошо делува на спермата

Според неодамнешно истражување објавено во магазинот Fertility and Sterility секојдневната ејакулација може да ја оштети ДНК-та на спермата. Секојдневното мастурбирање ќе го намали бројот на сперматозоиди во ејакулатот, но тоа не би требало да ве загрижува, освен ако не се обидувате да станете татко.

6a0148c7a6d366970c017c32efb51c970b-800wi

Мит: Седечкото уринирање е подобро за мочниот меур

Можеби сте слушнале дека мочниот меур ќе го испразните подобро ако уринирате седечки. Меѓутоа, експертите веруваат дека меурот сосема добро може да се испразни и додека стоите.

- Реклама -