Ова се филмовите кои го освоија светот, а изгубија МИЛИОНИ

Ова се веројатно едни од најдобрите филмови некогаш снимени, но на почетокот не мислеле така!
Парите кои се вложени во снимање на филмот секако не е показател за тоа дали филмот ќе стане класика. Но, некои од најголемите холивудски класици доживеале финансиски удар, а подоцна станале (и тоа колку) добро прифатени од страна на публиката.

Donnie Darko

Филмот „Donnie Darko“ можеби му помогна на Џејк Гиленхал да ја започне својата кариера, но доживеа неуспех кога филмот излезе во кината. За филмот биле потрошени ‚ милиони долари, а заработил 110.494 долари. Овој филм, чија приказна вклучува авионска несреќа, во Америка доживел успех по 11-ти септември 2001-ва година. По ДВД изданието, овој филм во 2002 година станал култна класика, а бил прикажуван во кината во Њујорк повеќе од две години.

Fight Club

Кога филмот „Fight Club“ прв пат се појави во кината во 1999 година, не поминал одлично. На домашниот пазар е направен за 37 милиони долари, а добил и различни критики. Коментарите и критиките на светските медиуми, како оние дека филмот е „брутален и глуп“ направиле филмот веднаш да ја најде својата публика. Тој доживеа бум кога целото свое ДВД издание било продадено во преку 6 милиони примероци.

Office Space

Филмот можеби го долови работењето во канцеларија, но не ги исполнувал критериумире за кино-публиката. По слабата гледаност и лошата маркетинг кампања, филмот не успеал да привлече голем број на публика во киносалите и заработил само 10,8 милиони долари. Проследен од лоши критики, тоа дополнително го намалил интересот за истиот. По ДВД изданието, филмот се рангирал на петото место на најсмешните комедии во последните 25 години.

The Big Lebowski

Филмот е издаден во 1998 година, исто како и „Титаник“, кој доживеа огромен успех. Филмот во кој глуми Џеф Бриџис чини 15 милиони долари, а дебитирал со 5,5 милиони долари првиот викенд. Добил различни критики како оние во кои е опишан како е „шуплив до дно“. На крај извадил 17 милиони долари од кината, а кога обожавателите почнале да го споделуваат на социјалните мрежи, се претвори во култна сензација.

The Shawshank Redemption

Тешко е да се поверува дека филмот, кој на IMDB го држи првото место меѓу 250 најдобри филмови на сите времиња, бил заборавен веднаш по првата негова премиера. Излегол во исто време со „Forrest Gump“, кој е познат како многу подобар филм од овој.

Blade Runner

Филмот ја имал таа несреќа да биде премиерно прикажан една недела по филмот „ET“, кој имал шанса да стане највисоко платен.

Citizen Kane

Многумина веруваат дека ова е најдобриот филм некогаш направен, а имал само 1,5 милиони долари во благајните. Бројните новинарски публикации забранувале било какво спомнување на филмот, а на крај станал еден од култните.

- Реклама -