„Ова не е танго“

На 26 јануари, во просториите на кафулето „Децата од нашата улица“ ќе се отвори изложбата „Ова не е танго“ на уметницата Искра Беличанска, со почеток во 21:30 часот.

„Креативниот свет на Беличанска е полн со авантури, бои и енергија. Дава чувство како да гледаме на слики кои се живи и зборуваат. Тоа создава многу лична и уникатна атмосфера“, стои во описот на изложбата.

iskra

Искра Беличанска ги открива скриените слоеви со голема суптилност и внимание на деталите. Различните бои се фундаменталната вредност на еден уметник, а Искра пред нас одвиткува палета на разнобојни фигури кои раскажуваат недовршени приказни.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -