Ова не е бомбаш самоубиец, туку шверцер на „Ајфони“

Можеби си помислувате дека се работи за шега, но работите се многу сериозни кога станува збор за iPhone. Верувале или не, луѓето се подложуваат на сешто за овој телефон, а  последната вест која доаѓа занимлива дури за Хонг Конг е вистински пример за тоа. Да, ова што го гледате е човек кој е сиот обложен во  iPhone-и.

Ако се прашувате, зошто по ѓаволите го направил тоа, одговорот е многу едноставен – шверц. Кога царинските службеници во пристаништето во Кина го виделе мажот кој се издвоил од толпата со чудното одење, вкочанетост на зглобовите и мускулна напнатост, почнале да се сомневаат. Излегува дека тој се обидел да пренесе шверцувани 94 iPhone-и во земјата.

Осомничениот пристигнал на пристаништето со две пластични кеси. Тие биле проверени педантно и ништо сомнително не било пронајдено, но кога бил принуден да помине низ детекторот за метал, веднаш се вклучиле алармите и на тој начин бил фатен од страна на надлежните. Откако се соблекол, органите ги откриле сите 94 телефони залепени по неговото тело, а глетката е болна, како што можете да заклучите и самите.

- Реклама -