Од 19-ти до 30-ти август, во Тајпеј ќе се одржат 29-тите Летни универзитетски (спортски) игри. Нас и вас тоа ништо не ни значи, ама тука сме поради начинот на кој Тајпеј реши да ги промовира.
За да набилда интерес и возбуда околу претстојната „Универзијада“ (како што го нарекуваат настанот), тајванската престолнина ги „разигра“ ентериерите на возовите од градското метро, декорирајќи ги во теми соодветни на најпопуларните спортски настани на Игрите. Некои се добри, а некои се претерано добри.
Башка што имаат и тематско пиво.