Ова навидум обично езерце крие тајна која со сигурност ќе ви се допадне

Подготовката на вашиот дом за летните месеци знае да биде тешка задача. Но, за оние со подлабок џеб, доза креативност и посветеност, и не до толку многу.

Пролетта е идеално време за да направите промени во дворот, па така, сега-засега, разните видови на базени изгледаат како најосвежувачка идеја. Со помошта на Дејвид Паган Батлер, убавината на двориштата се искачува на еден уште повисок левел.

Имено, започнувајќи го проектот наречен „органски базени“, тој почнал да креира мали езерца со прекрасна флора и фауна.

Она што ги прави толку посебни овие езерца, освен фактот што изгледаат прекрасно, е и тоа што тие го овозможуваат растот на дивиот свет и се еколошки. Освен тоа, тие се создадени на таков начин што иако не е ограничен растот на растенијата, сепак се безбедни за пливање. Всушност, растенијата и животните кои се наоѓаат во и покрај езерцето, го спречуваат растот на алгите.

Фотографиите во продолжение детално ги прикажуваат бенефитите од ваквиот природен базен, додека пак видеото подолу го прикажува начинот на неговата изработка.

natural-pool2 natural-pool3 natural-pool4 natural-pool5 natural-pool6 natural-pool7 natural-pool8 natural-pool9 natural-pool10 natural-pool

- Реклама -