Ireland Baldwin ги разочара своите обожаватели на својот Твитер профил.
Таа е позната по објавување на ‘selfie’ фотографии на кои нејзините облини се ставени во прв план. Но, неодамна на Твитер напишала: „Никогаш повеќе нема да направам ‘selfie’.
Ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер не ја напишала причината зошто таа се одлучила на тој потег, но можеби причина се некои негативни коментари за нејзините последни фотографии.
Но, нејзините обожаватели сепак не беа оставени целосно без фотографиите на оваа убава русокоса. Таа објави фотографија на која се гледа како стои на ѕид со графити. Пред тоа, ги почестила обожавателите со фотографија во танга-бикини, а нејзиниот задик го улови целото внимание на фановите.
Дали е ова навистина последната фотографија на познатиот “задник“ што ќе го видиме…