Драматичната борба на ова мало мече да се искачи на врвот на снежната планина, каде што го чека мајка му, е директен доказ за тоа дека не треба никогаш да се откажувате, а и кога нема да успеете, дека треба повторно да се обидете.
Снимено од дрон во регионот Магадан, Канада, во јуни годинава, видеово ги освои срцата на социјалните мрежи. Многумина коментираат дека е едно од најинспиративните нешта што ги виделе во последно време. Други велат дека си го пуштаат секое утро, за мотивација.
На почетокот сé изгледа дека искачувањето ќе биде лесно. Но кога мајката стигнува до врвот, мечето го претрпува првиот пад. Без многу размислување, тргнува повторно – и повторно се лизнува. Во третиот обид малото мече се обидува да се искачи следејќи ги стапките на мајка му и речиси стигнува до врвот. Таа инстинктивно ја подава шепата – и ете, уште еден пат, овој пат поразително голем…
We could all learn a lesson from this baby bear: Look up & don't give up. pic.twitter.com/nm0McSYeqY
— Earthling (@ziyatong) November 3, 2018
PS. Многумина, меѓу кои и научници, забележаа дека непосредно пред мечката мајка да ја подаде шепата, камерата зумира, што значи дронот што снимал се доближил поблиску до мечките. А бидејќи сите знаеме колку се гласни дроновите, многумина заклучија дека избрзната реакција на мајката и падот на мечето бил поради паника и страв токму од дронот.
Thank you for sharing. For those of you who love the baby bear, please keep in mind this is also an example of poor & improper drone use. See below for more information: https://t.co/GGs3tQHlh9
— Earthling (@ziyatong) November 4, 2018