Ова ли е Peugeot од иднината?

Непредвидено на интернет просторот од Peugeot се најдоа фотографии од новиот концепт на брендот – Instinct, кој ќе дебитира на салонот во Женева.

Според фотографиите Instinct, барем по формата, ќе биде меѓу ретките модерни автомобили од тип shooting brake. Претпоставките се дека Instinct го покажува дизајнерскиот јазик на Peugeot во блиска иднина и е лесно да се предвиди дека ќе има промена во насока со повеќе агресија и зајакнување на спортското емитување.

Секако, дел од деталите на концептот нема  да стигнат до сериско производство – Instinct е исклучително широк, особено што се однесува до задната трага на тркалата, но тешко дека ќе има изненадувања во врска со положбата на моторот. Се уште нема информации за техничките податоци на Instinct, но со оглед дека сите последни концептни модели на Peugeot беа хибриди, не треба да очекуваме поинакво решение.

Тешко да се предвиди дали концептот ќе добие сериска верзија. Од Peugeot веќе изјавија дека RCZ нема да има наследник, па шансите да видиме француски ривал на VW Scirocco се многу мали.

- Реклама -