Крис Браун по уште една разделба со Ријана се врати во прегратката на Каруече Тран.
Пејачот Крис Браун по раскинувањето со Ријана започна врска со 25-годишната манекенка Каруече Тран која многу бргу им стана интересна на медиумите затоа што за нејзиното минато не се знае многу.
Тран е манекенка која по врската со Крис сними неколку едиторијали, а наводно не прифаќа топлес сликање како бројните млади модели. Има 25 години, а заработува и преку нејзината веб страна преку која продава облека.
Убавицата, со која Крис се смирува меѓу раскинувањата со Ријана, успеа уште еднаш да го украде раперот од рацете на славната пејачка.
Тран овој викенд не е во прегратката на Крис. Папараците ја уловија на плажа во Беверли Хилс.