Јапонија е нацијата со најмногу стогодишници.
Со години научниците се обидуваат да ја пронајдат формулата на долговечноста преку детално истражување и набљудувања. Излегува дека тајната може да се крие во една многу едноставен навика – пиење на топла вода наутро на гладно. Голем број на болести реагираат добро и дури се лекуваат со овој едноставен и лесен метод познат на Јапонците со векови.
Пиењето на топла вода наутро на гладно се препорачува кај различни состојби. Ова ги подобрува сите функции на организмот и му помага да се справи со проблемите. Последните истражувања го потврдуваат корисното дејство на оваа практика. Според јапонската медицина пиењето топла, речиси топла вода наутро на гладно помага при следниве болести: главоболка, болки во телото, артритис, епилепсија, бронхитис, астма, менингитис, болести на бубрезите, дебелина, гастритис, дијареја, дијабетес, запек, сите видови очни болести, рак, менструални проблеми, болести во ушите и грлото.
Јапонците го препорачаат следниов метод: по будењето, дури и пред миењето на забите се пијат 4 чаши по 160 мл топла вода. Забите се мијат и не се пие ништо друго барем 45 минути. По појадокот не се прифаќаат течности најмалку 2 часа. Ова важи за сите оброци во целина, бидејќи пиењето на вода после јадење ги разредува соковите во дигестивниот систем и ја нарушува работата на желудникот. Може да се започне со помала количина вода наутро, со тоа што постепено се зголемува. Резултати од третманот со топла вода има кај висок крвен притисок по 30 дена, при гастритис по 10 дена, а кај дијабетес по месец.
Овој метод нема несакани ефекти освен што често се оди до тоалет. Препорачливо е пред започнување на третманот да се направи консултација со лекар.