Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави список од 11-те најквалитетни играчи на завршеното Светско првенство, на кое Шпанија излезе како победник.
На оваа листа се најдоа тријца фудбалери од Шпанија и Аргентина, двајца од Франција и по еден од Англија, Норвешка и Парагвај.
Во одбраната, фаворизирани се голманот од Парагвај, Орландо Хил, Шпанците Марк Кукуреља и Педро Поро, Аргентинецот Лисандро Мартинез и Французинот Дајот Упамекано.
Средниот ред го составуваат Аргентинецот Енцо Фернандез, Шпанецот Родри и Англичанецот Џуд Белингам. Нападот е предводен од Французинот Килијан Мбапе, Норвежанецот Ерлинг Халанд и легендарниот Аргентинец Лионел Меси.
Дали оваа е и вашата идеална 11-ка од планетарното првенство?




