Ова е сестрата на Џорџ Клуни

Меѓу гостите на свадбата на Џорџ Клуни беше и неговата сестра Аделина Зеидлер, која со згодниот актер нема апсолутно ништо заедничко, барем не во физичкиот изглед.
Аделина во друштво на својот брат и младоженецот Клуни, со брод пристигна до хотелот каде се оджала свадбената церемонија, каде ги чекале родителите Ник и Нина Клуни.

Аделина Зеидлер (53), е позната уште како Ада Клуни, постарата сестра на Џорџ Клуни, и нејзинот животен стил е помалку гламурозен од животниот стил на својот помлад брат.

Ада работи како сметководител во Кентаки, каде живее со родителите и има две деца. Во едно поранешно интервју Ада открила дека не била на првата свадба на Клуни, кога се венчал со актерката Талија Балсам, бидејќи како што кажала за „свадбата дознала од весниците“.

Тогаш, исто така, изјавила дека со нејзиниот брак комуницира само преку е-мејл, бидејќи го нема неговиот број на мобилен, и дека се гледаат еднаш во годината кога Клуни ќе дојде во посета на своите родители.

„Го немам неговиот број на мобилен телефон бидејќи не би сакала да се случи да го изгубам телефонот, па потоа некој да го злоупотреби. Тој може да ме бара, и понекогаш го прави тоа, но и на двајцата ни е полесно да се допишуваме преку е-мејл“, рекла тогаш Ада.

- Реклама -