Декади после Втората светска војна, бројни бункери можат да се пронајдат во повеќе земји ширум Европа.
Овој бункер кој ви го прикажуваме во галеријата подолу, беше изграден во Каверсфилд, Англија, а неговата намена била да штити од можни бомбардирања или хемиски напади. Верувале или не, но оваа градба се користи и денес, само, нејзината употреба е сосема поинаква од првобитната замисла.
Некогашниот бункер денес е поделен на два дела, кои претставуваат пространи луксузни домови. Верувале или не, но тие се продадени по цена од 750.000 долари, посебно.
Но, има и зошто. Погледнете како денес изгледа ентериерот на некогашното „војничко дувло“.